Спортската јавност во хрватска живее во бајка деновиве, затоа што нивниот најдобар фудбалер сега доби „црно на бело“ дека е најдобар и во светот. Затоа сите медиуми поитаа да бидат што пооригинални во пишувањата за него, а некои од порталите во Хрватска се сетија да ја најдат неговата родна куќа.
Таа е во селцето Затон Обровачки, близу Задар. Лука тука живеел до пет години и, како што веќе стана познато летово, чувал овци со дедо си. Меѓутоа, во 1991 година ова село било бомбардирано, со што неговото детство во родниот крај прекинало. Во 1991 четниците ја срушиле родната куќа и го уб*ле неговиот дедо. Лука со своето семејство живеел во задарскиот хотел Иж, каде што почна неговата фудбалска приказна.
Лука секој момент го користел да игра со топката, па така кружи анегдотата дека како мал скршил повеќе прозори со топка, отколку што тоа го направиле српските гранати при нападите.
Бројни туристи ова лето доаѓале на Велебит, барајќи ја родната куќа на фудбалерот чија приказна го инспирира целиот свет. Туристите на прагот на напуштената куќа оставиле шалови и цвеќе.
Срушената куќа на многумина им послужи како потврда дека никогаш не треба да се откажуваат од своите соништа.
Видеото можете да го погледнете ТУКА

