Во врска со амнестијата за вклучените во насилствата од 27 април во Собрание, денеска ја прашавме министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, дали ќе му прости на лицето што на 27 април ја повлече за коса. Таа рече дека на почетокот барала организаторите да понесат одговорност, за во иднина да нема такви кои ќе ја злоупотребат политиката за ширење насилство. Во одредени моменти, на сите ни било тешко, но секако раните на државата треба да се зацелат, рече Шеќеринска.
СЛЕДЕТЕ НЕ:
