„Не ви веруваме“, му рекоа родителите на министерот Тошковски кој ги прими во МВР по денешниот протестен марш

Родителите на починатите деца од страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани денеска беа примени во Министерството за внатрешни работи на средба со министерот Панче Тошковски.

Тие прво меѓусебе се прашаа дали знаат кога децата им починале, на што сите одговорија не.

Еден од родителите порача дека за своето дете дознал во Бутел, бидејќи таму бил во моментот.

Министерот ги уверуваше дека нема никого да поштедат, по што присутните истакнаа „не ви веруваме“.

Тошковски: „Цело време ме повикувате на морална одговорност“

Родител: И сега ве повикуваме, чувствувате ли морална одговорност?

Тошковски: Да, чувствувам морална одговорност затоа не си поднесов оставка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното