Приватните превозници не сообраќаат, а според најавите, нема ни да сообраќаат додека ЈСП СКопје не им уплати средства.
Вака во изјава за ТВ24 порача Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници.
Како што вели, ќе се вклучат во сообраќај веднаш, штом ЈСП Скопје им ги исплати парите.
„Приватните превозници не сообраќаат и нема да сообраќаат додека ЈСП Скопје не ни уплати средства за да можеме да ги вклучиме автобусите. Ние имаме информација дека Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нас и ние ги чекаме тие пари. Значи ЈСП Скопје треба да ни ги префрли тие пари и автобусите веднаш ќе се вклучат. Други средства за нафта и за тековно одржување на автобусите немаме“ – вели тој во изјавата.