Бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира пред многу редок модел на хеликоптер од производителот „Мерцедес“.
Според информациите, за овој подарок напаѓачот на ПСЖ издвоил 10.5 милиони долари.
Се работи за модел H-145 во црна боја, не е во сериско производство и се изработува само по специјални нарачки.
На овој хеликоптер ги има и иницијалите на Нејмар – „NJR“.
Дизајнот на леталото е инспириран од футуристичкиот автомобил на суперхеројот Бетмен, чиј голем обожавател е 29-годишниот Нејмар.