Неколку лица се обиделе да криумчарат жив добиток – полицаец испукал предупредувачки куршуми, при враќање на пиштолот се повредил и себеси!

На 10.10.2025 околу 22:00 часот во с.Спас, дебарско, во близина на гранична линија со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Блато забележале неколку лица кои се обиделе да криумчарат жив добиток.

При обид да ги спречат во намерата, полициски службеник во воздух испукал неколку предупредувачки куршуми, но лицата се дале во бегство и го оставиле добитокот, а полицискиот службеник кога го враќал пиштолот во футрола се повредил во ногата.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.