Балкан

„Нема да биде добро за Македонија ако го отфрли францускиот предлог“, смета поранешна министерка за надворешни работи на Бугарија

„Нема да биде добро за Македонија ако го отфрли францускиот предлог“, смета поранешна министерка за надворешни работи на Бугарија

Многу е важно што во преговарачката рамка се внесени протоколите кои пак произлегуваат од Договорот за добрососедство. Ова го изјави поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија во интервју за Би-Ти-Ви.

За Софија е важно, но за Скопје спорно е токму тоа што протоколите се наоѓаат во преговарачката рамка.

„Нема да биде добро за Македонија ако го отфрли францускиот предлог. Мислам дека политичките партии во Северна Македонија треба подобро да се запознаат со предлогот подготвен од ЕУ. Северна Македонија е кандидат за ЕУ и исполнува одредени услови. Во таа смисла се надевам дека пријателите и колегите од Скопје ќе се запознаат со предлогот и нема да го отфрлат бидејќи исто така тоа е во нивни интерес“, изјави Надежда Нејнски во емисијата „120 минути“ на Би-Ти-Ви.

Таа додава дека ова е предлог за кој согласност дале сите земји членки, кое исто така Бугарија го одобри. „Предлогот е во интерес на двете страни и тој ќе донесе стабилност“, додава Нејнски.

Инаку вчера во интервју за ТВ21, Министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека ако протколите се исфрлат од преговарачката рамка, тогаш францускиот предлог станува прифатлив за нас.

„Доколку се најде решение за ова спорно прашање со протоколите, останатиот дел од францускиот предлог е решение кое е прифатливо за нас“, рече вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ21.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни