Нема загрозени македонски државјани во поплавите во Грција

Министерството за надворешни работи изразува сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција. Од таму велат дека дипломатско-конзуларните претставништва во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја.

„Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со 6 септември, еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и останат на сигурно се до евентуална евакуација. На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410“, велат од МВР.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното