Низ светот постојат необични професии кои овозможуваат изненадувачки добра заработка.
Во денешно време, во свет во кој сите сакаат да бидат сопственици, директори, менаџери, постојат број на необични професии кои за кратко време имаат моќ да донесат изненадувачки брза заработувачка.
1. Тестер за дезодоранси
Доколку саката да проверите дали дезодорансот делува ќе добиете 40 евра. Но, оваа работа не е ни малку лесна, бидејќи ќе морате на корисниците да им ги мирисате пазувите како би осетиле дали дезодорансот делува. Исто така, оваа работа можат да ја работат само оние со чувствително сетило за мирис, и оние кои не се гадливи.
2. Готвач во австралиска подморница
Вашата задача би била да пловите со морнари и од состојки во конзерва да припремите јадење за вашите сопатници. Заработката е околу 140.000 евра годишно. Просечната плата изнесува 43.000 евра, но се зголемува низ различни бонуси, при што со самото прифаќање на оваа работа ви следува награда од 35.000 евра. Пожелно е, освен да знаете да готвите, да патите од морска болест или од клаустрофобија.
3. Ловец на бисери во Австралија
Оваа идеална работа може да ви донесе и до 1.000 евра дневно. вашата работа е да нуркате во океанските длабочини и да трагате по драгоцените бисери. Важно е да сте во добра физичка кондиција и да имате остро око.
4. Хакер
Вашата работа би била да се пробивате во компјутерските системи на фирмите како надлежните би можеле да ги согледуваат потенцијалните недостатоци кога е во прашање безбедноста на податоците. Со оваа работа можете да заработите од 50.000 до 90.000 евра годишно.
5. Дизајнер на тобогани
Вашата обврска би била да создадете тобоган во кој би уживале корисниците на истиот. Оваа напорна работа може да ви донесе од 3.000 до 5.000 евра месечно. Условот е завршен машински факултет и неверојатно бујна фантазија.
6. Ловец на голф топчиња
За да се бавите со оваа работа морално е да имате завршено курс за нуркање. Вашата задача би била да ги барате голф топчињата кои паднале во езерото на теренот за голф. Секое пронајдено топче чини од 25 центи до 1.40 евра, што значи дека со пронајдени 80.000 топчиња годишно би можеле да заработите и до 80.000 евра и повеќе.
7. Келнер за вино
На познавачите на вино оваа работа може да им донесе заработка од 117.000 евра годишно. Задолжението е ставање на соодветното вино за одредено јадење и дегустација на вино. Потребна е завршена академија и повеќе годишно искуство.