Непотизам во СЈО – Опфатени повеќе од 20 лица, по истражувањето на ТВ21, Антикорупциска отвори предмет

Освен „Рекет“, СЈО го тресе и непотизам. Членот на државната комисија за спречување на корупција Нури Бајарами, пред камерата на ТВ21 вели по истражувањето на ТВ21 отворен е предмет и се истражува непотизам во СЈО.

„По ова на 18.09.2019 да излезе во јавност пријава со голем број  вработени во СЈО, над 20 лица, и првата пријава која е доставена до нас е од еден медиум, и тоа токму од ТВ21 и тоа не е од сега туку од пред еден месец, со ваше барање за ние да соработуваме во тој правец на начин што оваа шема да се комплетира со цел  да нема повторување на имињата евентуално ако има и други случаи. Така што, ваквите вработувања за кои постои сомненија дека се остварени преку влијание или конфликт на интереси, треба да се разгледаат поширокo“, рече Бајрами.

Тој додава дека уште од 2016 година имало пријави за непотизам и политичко влијание за вработување. 

„Значи не е во прашање само последната афера „Рекет“, поврзана со СЈО, бидејќи пријави за вработувања со непотизам или со политичко влијание имаше и во 2016 година, почнувајќи од пријава со податоци за одредено физичко лице како подносител, во врска со внукот на специјалната обвинителка“, изјави Бајрами.

Пријава за непотизам имало и против поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители кој пак ја назначи Катица Јанева за специјален јавен обвинител.

„На 2 април 2019 година имаше анонимна пријава во врска со вработувањето на ќерката на претседателот на Советот на обвинители, но без имиња и оваа пријава содржеше повеќе сомнежи за злоупотреба на службената положба и за коруптивни дејствија. Така што за еден дел беше постапувано, додека за другиот се очекуваат податоци од Специјалното обвинителство. Досега нема исход за дејството поврзано со овој предмет“, вели Бајрами.

Јанева заврши во притвор поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист. Мерката притвор на Јанева и беше изречена по три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното