Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч).
Во понеделник попладне на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег.