Невеста го фрли бидермаерот на студентките: Штотуку венчан пар денот го помина на протест во Нови Сад

Повеќе од десетици илјади граѓани на Нови Сад, но и од другите градови на Србија денеска се собраа и блокираа три моста во овој град во рамки на протестите одржани по повод трагичниот настан што се случи пред три месеци.

Имено, во инцидентот на железничката станица, кога се урна настрешницата, загинаа 15 лица, а граѓаните на Нови Сад и низ целата земја бараат одговорност и правда за жртвите.

Иако протестите беа насочени кон сериозни теми и апели, имаше и моменти кои не потсетија дека секогаш има простор за надеж и оптимизам во тешките времиња.

Еден таков момент е снимен и денеска, кога на варадинскиот мост на демонстрантите решиле да им се придружат тазе брачен пар од Нови Сад, кој штотуку ја направил својата венчавка. Невестата се решила симболично да сподели радост и љубов, па на студентките кои присуствувале на протестот им го фрлила својот бидермаер.

Најсреќниот добитник на бидермаер ја искористи можноста да се фотографира со невестата, правејќи го моментот еден од оние што го одбележаа денешниот ден – момент кој во сегашниот хаос и надеж дава потсетник дека љубовта и заедништвото можат да донесат светлина и во најтемните моменти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното