НЕВРЕМЕТО ГО УНИШТИ ЦЕЛИОТ КОМПЛЕКС: Ветерот ги откорна дрвјата – Владимир Томовиќ објави грозоморно видео

Владимир Томовиќ ги покажа штетите кои настанаа по големото невреме во Црна Гора.

Силни временски непогоди ги погодија Србија и Црна Гора, а социјалните мрежи ги преплавија видеа од бројни материјални штети и поплави.

Сега проговори поранешниот член на Задругата Владимир Томовиќ и покажа како сега му изгледа дворот. Да потсетиме, тој пред неколку години изгради голем комплекс со приватни базени, а сега ги покажа штетите од невремето.

Тој објави грозоморно видео од невремето од надзорните камери, а како што можете да видите, се летало, додека ветерот дувал со таква сила што дури и откорнал неколку дрвја, за што најмногу жали.

„Фала му на Бога, луѓето се добро, куќата е на свое место, ќе засадиме дрвја, ќе има зеленило и сенка… Ова невреме е знак дека треба многу повеќе да се фокусираме на луѓето, а многу помалку на работите, бидејќи она што може да го однесе ветрот не е твое“, напиша тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното