„Независни Грци“ прашуваат: ,,Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?“ (ВИДЕО)

Со спот, во кој македонскиот премиер Зоран Заев се трансформира од ликот на Александар Велики и вели дека веќе никој нема да оспорува дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик, од ,,Независни Грци“ прашуваат: ,,Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?“
– ,,Северномакедонци, ниту ќе бидам јас, ниту вие ниту децата, заради тоа што јасно е утврдено дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик. И многу е важно што повеќе тоа никој нема да ни го оспорува – е делот од изјавата на Заев од 6 декември 2018 искористена во спотот на Независни Грци, а потоа следи пораката: „Александар Велики не може да зборува. Ќе го оставиме Заев да зборува во негово име? “-пишува МИА.
Вечерва во грчкиот Парламент се гласа за ратификација на Договорот од Преспа.

Извор: ТВ21