Ни Полска нема да присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ – причината е Лавров

По Украина, Естонија, Литванија и Летонија, ни Полска нема да присуствува на министерскиот совет на ОБСЕ.

Причината е рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Имено, министерот за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек изјавил, според светски агенции, дека нема да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кој почнува утре, ниту пак ќе испрати некој од своите заменици во Скопје.

„Едноставно не можеме да го игнорираме фактот дека рускиот министер за надворешни работи ќе биде присутен на масата на организацијата која треба да гради мир и безбедност во Европа“, рекол полскиот министер.

Нарекувајќи го присуството на Лавров „неприфатливо“, Шинковски вел Сек додаде дека Полска го дели ставот на балтичките земји кои претходно најавија дека ќе го прескокнат состанокот на ОБСЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното