Еден од родителите на настраданите во Кичево на денешниот протест пред Јавното обвинителство за обвинителството рече дека не е државна институција, туку партиско дувло!
-Оваа зграда дали е државна? Не! Оваа зграда не е државна, а дали знаете сите што е државата? Државата сме ние, овие луѓе, новинарите, полицијата и обичните полицајци коишто ги манипулираат. Ова е партиско дувло! Ова не е државна институција! Ова е вмровска институција, бизнис картелска институција на бизнис картелскиот партиски огранок таму во белата палата каде е најбогатата партија! Ова пред тоа беше огранок на СДСМ! Цело време не убедуваат преку јавни нивни експерти во наводници ботови, дека е многу тешко правниот систем да ја докаже верижната одговорност на сите овие луѓе тука што се напишани на списокот, вели еден од родителите.
-Јавно обвинителство што по ниеден допрен глас нема излезено, душите на децата ни ги земавте, барем пола да излеговте немаше да ги гледаме тука овие деца мртви, вели еден од родителите на настраданите во Кочани.