„Ние се стремиме Шпанија да стане европски Холивуд“, вели премиерот

Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез за време на посетата во Лос Анџелес истакна дека Шпанската Влада имала намера земјата да ја претвори во „европски Холивуд“.

„Ние се стремиме да станеме, ако дозволите така да споредам – европски Холивуд. Информативно-забавните платформи станаа прозорец преку кој милиони луѓе гледаат кон новата реалност“, порача Санчез.

Премиерот се состана со претставници на „Нетфликс“, „ХБО“, „Ворнер-Медија“, „Дизни“ и други продукциски куќи.

Санчез притоа ги истакна главните елементи на планот, според кој шпанските власти планираат да издвојат 1,6 милијарди евра за промовирање на шпанскиот аудиовизуелен сектор.

Иницијативата вклучува даночни олеснувања за продуцентите кои ја избираат земјата за своите проекти, како и издавање специјални визи за да се олесни доаѓањето на филмските професионалци во Шпанија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното