„Ние сме херои“, велат осомничените за пожарот во Кочани

Денеска пред медиумите, при спроведување во полициска станица, еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани порача дека тие се херои.

Имено, по новинарско прашање за тоа дали се чувствуваат виновни, тој застана и рече дека се херои, односно спасиле 200 луѓе.

„Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме повеќе од 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца“, рече тој.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното