Оваа Антикорупциска комисија покажа способност да отвора доста жешки прашања истакна екс судијката во Европскиот суд за човекови права во Стразбург, Маргарита Цаца Николовска.
„Антикорупциската комисија покажа волја, и доста голема способност да отвора прашања. Како ќе завршат тие прашања, односно тие оценувања, ќе видиме. Но засега оценувањето е дека антикорупциска е избрана на демократски начин, со претставување на секој кандидат посебно, со давање на оценки на секој кандидат посебно, што покажа слика на една поголема независност и непристрасност во изборот на овие луѓе. Барем досега тие луѓе покажаа силни акциски презентирања на предмети, транспарентност, и отворање на многу жешки прашања“, вели Николовска.
.
