Македонија

Ниту оваа Влада не ја реформираше МРТ и АВМУ! Партиите со преписки, здруженијата велат дека ќе се уништи новинарството

Ниту во мандатот на оваа влада нема да се реформира Програмскиот совет на јавниот сервис МРТ и на АВМУ. Тоа е така бидејќи на последната седница на Комисијата за избор и именување во Собрание, овие две точки воопшто не биле отворени , но сепак земјава ќе оди на предвремени избори. Опозицијата вели дека парламентарното мнозинство нема желба да разговара за ова прашање.

Но членот на оваа комисија од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири вели дека опозицијата е таа која ги блокира реформите на овие две институции.

Медиумските здруженија и натаму незадоволни.

Според Марина Тунева од Етичкиот совет на Медиумите во Македонија, ова ќе го попречи ослободувањето на медиумите од влијанија.

Следеа и реакции и од посредникот за  Пржинскиот договор, Питер Ванхојте. Тој во интервју за Медиумска опсервација, го нарече разочарувачки фактот што еден од приоритетите на медиумските реформи не е реализиран.

Реформата на овие две институции е нешто што постојано го бараа медиумските здруженија, а власат и опозицијата се обвинуваа меѓусебно дека ја блокираат работата на Комисијата. Надежите  за реформи на овие институции  се мали поради фактот што останаа уште малку денови до формирање на Техничката влада и неколку месеци од предвремените парламентарни избори закажани за 12 април 2020.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни