Номагас по најавата на ЈСП дека нема да има автобуси: Една година не набавуваат гас од кај нас

Од Номагас преку соопштение реагираат во врска со известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред.

Тие велат дека поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод.

„Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположлилвите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе.

Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас.

Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, дополнително ќе Ве известиме.

Што се однесува до известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред на 17.10.2025 година, истите треба да се земат со резерва.

Едната причина за тоа е фактот што ремонтните работи и прекинот се од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година и претходниве три денови, вклучително со денес четири денови, факт е дека ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира 17.10.2025 година кога треба да се стабилизира испораката на природен гас.

Исто така информираме дека ЈСП Скопје веќе скоро една година од 01.12.2025 година не се наши директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.

Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје“, велат од компанијата.