Освен што ги воодушевуваше фановите со фотки на кои позира во тропски дестинации, Ноне често постираше и објави со саканиот Рајан, но изминатиов период на нејзиниот профил од црномурестиот дечко нема ниту траг, ниту глас.
Ноне Неделковска неодамна го прослави својот 32 роденден и тоа повторно на брод, каде што работи последните неколку години.
Освен што ги воодушевуваше фановите со фотки на кои позира во тропски дестинации, Ноне често постираше и објави со саканиот Рајан, кој минатата година дури го донесе и во родниот Велес, каде што го запозна со семејството и најблиските, но изминатиов период на нејзиниот профил од црномурестиот дечко нема ниту траг, ниту глас.
И таман сите почнавме да се прашуваме дали на романсата ѝ дошол крај, Ноне дополнително ги разгоре страстите со последниот пост под кој напиша дека е дива, слободна и мистериозна.
Дали ова значи дека македонската џебна Венера повторно е сингл, останува да видиме. Сигурни сме дека Ноне наскоро со нова фотка ќе ја реши дилемата и ќе им стави крај на недоумиците.
Инаку, пред само неколку дена Ноне славеше роденден па бидејќи е далеку од родниот Велес, Ноне не можеше да прими подароци од најблиските, ниту пак да ги почести за роденденот! Ама затоа тие неа ја почестија со роденденски честитки, подарувајќи и ги најискрените емоции од длабочината на душата и срцето и посакувајќи и се најубаво, се разбира преку социјалните мрежи.
Но од сите честитки, се чини, најубава, најискрена и најемотивна е онаа – мајчинската. Впрочем од мајчинската љубов има ли нешто повредно и посвето?
Така, нејзината мајка Мимоза за роденденот на својата Ноне и ја испрати најубавата честитка во постот, поткрепен со семејната фотографија на која сите се собрани.
„Светот им прави пат само на оние кој знаат каде чекорат.Една од нив си и ти, нека светот ти ги отвори патиштата до сите твои желби и убавини. Живеј го секој убав миг, сакај ги оние што те сакаат,нека те следи среќа секој нов ден. ТЕ САКАМЕ И МНОГУ НИ НЕДОСТАТУВАШ морепловецу наш. Среќен роденден“ – и пишува во постираната роденденска честитка мајката на својата ќерка.
Во исто време среќна што ја има, а сепак тажна што не е во тој момент до неа да ја гушне, бакне и да и честита онака како што само родителот знае и умее да му се радува на своето дете. Како што впрочем и самата Ноне и го честиташе пред некој ден роденденот на својата сакана мајка:



