Свет
18,422,927
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21
Македонија
21,519
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21
Македонија
1,699
Вкупно починати
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21
Македонија
37,505
Вкупно оздравени
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21

Носење маски на отворено е штетно?! – „Беспотребна паника, имаат дијареа и мислат дека е ковид-19“

Носењето на маска на отворено е штетно вели инфектологот Вељо Марковски во емисијата „Клик Плус“. Тој додава дека при носење на маска ако киваме, исфрламе милијарда микроорганизми , а од друга страна не дозволуваме да излезат од нашето тело, и цело време ги вдишуваме.

„Да не зборуваме дека белите дробови се главниот контролор на ПХ на крвта. Сега и тоа го компромитираме. Со тоа настрадаа и деца. Има деца од 7 години на кое му викаат да не ја тргне маската тој нема да ја тргне, така може да се онесвести. Тоа дишење го оптеретува срцето, крвниот притисок. Така да, носење на маска е штетно. На отворено зборувам“, вели Вељо Марковски.

loading...

Во собраниска процедура се измените на законот за заштита од заразни болести, со кој практично треба да се овозможи стапување на сила на една од новите мерки како што е задолжително носење на маска на отворено.

Тој смета дека непотребно се создава паника, и луѓе кои имаат дури и цревни инфекции, мислат дека имаат коронавирус.

„Се јавуваат луѓе со цревни инфекции има дијареа и доаѓаат и мислат дека имаат Ковид. Со тоа се прави притисок на здравствениот систем, се прави птитисиок и на тие малку доктори кои останаа“, посочи Марковски.

Марковски објасни исто така како да се лекуваме од коронавирус. Тој смета дека има различно лекување доколку имате лесни, тешки и најтешки симптоми.

„Ако пациентот има само лесни симтоми, доволно е само витамини, мирување, чаеви… Ако е компликација бактериска, да се види која бактерија е, и да се лекува бактеријата. Ако падне во тешка состојба. Доколку стигне до интензивна нега, тогаш треба да е оцени кое време се ставаат на респиратор“, додава Марковски.

Тој објасни дека позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест, туку може само да е инфекција.

.

Извор: ТВ21

НАШ ПРЕДЛОГ

144 сакционирани возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Општина Центар изречени...

Регистрирани 463 нови случаи на коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.127 тестирања, регистрирани се 1.022 нови случаи на коронавирус во Македонија. На територија на...

Во Кавадарци вечерва ЕНОРМНО загаден воздух

Според мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва Кавадарци дише енормно загаден воздух, односно измерени се...
Skopje
few clouds
8 ° C
8 °
8 °
52 %
0.5kmh
20 %
Sun
8 °
Mon
6 °
Tue
4 °
Wed
7 °
Thu
9 °