Нов колапс на јавниот превоз?! Приватните автобуси во понеделник ќе бидат паркирани во гаражите!

Скопје се соочува со нов колапс на јавниот превоз.

Имено, приватните автобуси во понеделник нема да возат, туку ќе останат паркирани во гаражите, јавува Телма телевизија.

Според информациите, ова е одлука на приватниците за кои тврдат дека не добиле пари од месец јануари, потребни за да може да работат.

Дел од нив, се пожалиле до редакцијата на Телма дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните ни на повидок да го решат проблемот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното