Денеска пред зградата на Владата на Србија во центарот на Белград започна протестот поради изрекувањето на казната на тројца еколошки активисти, а учесниците ја блокираа раскрсницата на улиците Немањина и Кнежа Милош.
Активистите Иван Блејиќ беа осудени на 40 дена затвор, а Никола Ристиќ и Јевѓеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир, откако ја блокираа железничката станица во Белград.
Претставникот на здружението „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ изјави дека властите приведуваат и други кои учествувале во организацијата на саботниот протест.
Властите во Србија се соочуваат со сè пожесток отпор на ископувањето литиум, откако Белград на 19 јули потпиша меморандум за стратешко партнерство за одржливи суровини со Европската унија, што предизвика нов бран речиси секојдневни протести низ целата земја.
Организацијата „Архив на јавни состаноци“ процени дека повеќе од 40.000 луѓе се собрале во центарот на Белград во саботата навечер, блокирајќи го железничкиот и патниот сообраќај.
Рудник за литиум во западна Србија
Доколку се имплементира, проектот Jadar на мултинационалната компанија Рио Тинто, вреден 2,4 милијарди долари, би можел да покрие 90 отсто од тековните потреби за литиум во Европа, што ќе го направи Рио Тинто еден од водечките светски производители на минералот, клучна компонента во батериите за електрични возила и мобилни уреди.
Српските власти тврдат дека рудникот за литиум ќе ја стимулира економијата и ќе донесе значителен раст на БДП, но еколозите тврдат дека цената би била превисока во споредба со немерливата штета врз животната средина и локалната заедница во земјоделски развиената област Јадар на запад од земја.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека запирање на економијата не е решение, туку разговор, најавувајќи дека ќе разговара со жителите од областа на западот од земјата каде што треба да се отвори рудникот за литиум.
Ќе одам да разговарам со оние што мислат поинаку, ќе одам да зборувам за нивниот страв што постои“, рече Вучиќ и најави дека ќе оди на секое место „од Лозница, Крупње, Мали Зворник, Чачак до Ваљево и други општини. “.
