Нов Загреб под полициска опсада: Некој застрелал маж, се трага по напаѓачот

Во загрепската населба Средишќе на улицата Еде Муртиќа, спроти Музејот на современа уметност, во среда наутро се случила пукотница.

Според првите и неофицијални информации од сведоци, откако пукал и ранил еден маж, напаѓачот избегал кон зградата преку улицата и полицијата го бара. Брза помош однесе едно повредено лице, но неговата состојба засега не е позната.

Според сведоците, се слушнал истрел по 10:30 часот и можел да се види како маж излегува од Поршето и бега, секако ова се неофицијални информации.

Екипите за итни случаи се на местото на настанот, а полицијата го обезбедува целиот простор.