Свет

Нов земјотрес од 5,2 степени според Рихтер во Турција

Нов земјотрес од 5,2 степени според Рихтер во Турција

Турција, претпладнево, во 10 часот, беше потресена од нов силен земјотрес, што, според ЕМСЦ (EMSC), имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, на 11 километри јужно од градот Малатија.

Засега нема информации за штети и повредени. Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции.

Бројот на загинатите како последица на разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на месецот се зголеми до 44.374.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни