Нов земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар – речиси во истата област како и петочниот

Нов земјотрес се случи во Мјанмар во 11:08 часот во неделата наутро (по македонско време, 14:38).

Новиот земјотрес бил со јачина од 5,1 степени, со епицентар на 28 километри северозападно од Мандалеј, соопшти Американскиот геолошки институт.

Жител на Амарапура, град веднаш до Матара, изјави за Би-Би-Си дека овој последователен потрес е најсилниот од смртоносниот земјотрес на 28 март.

Во истата област околу полноќ е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Најмалку 1.644 лица се потврдени досега загинати во Мјанмар, додека бројот на жртвите во Бангкок, Тајланд, се искачи на 17, соопштија денеска властите во главниот град на Тајланд.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното