Home Македонија Нови дојави за бомби во 10 училишта

Нови дојави за бомби во 10 училишта

0
Нови дојави за бомби во 10 училишта

Од МВР информираат дека денеска повторно има пријави за бомби во училишта во Македонија.

Пристигнати се вкупнo 10 дојави на електронски адреси на училиштата, од кои осум се за во училишта во Скопје, а две се однесуваат на училишта во Прилеп.

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) ги евакуирале објектите и вршат антитерористички проверки.