Новите снимки откриваат: Вања била убиена до 9:30 часот, веднаш после убиството „цитроенот“ бил запален

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Обвинителството презентираше снимки што ја прикажуваат траекторијата на возилата со кои било извршено грабнувањето на девојчето.

Според обвинителката, до 9:30 часот Вања веќе била убиена, а „цитроенот“ бил запален. На снимките од Прочистителната станица во село Бразда се гледаат двете возила како се движат по извршеното убиство, упатувајќи се кон местото каде подоцна е запален автомобилот.

Во 9:08 часот на снимките минува прво едното возило, а по него и „цитроенот“. Во 9:28 часот повторно е забележано „кангуто“, но не и „цитроенот“, што, според обвинителството, потврдува дека автомобилот бил запален неколку минути претходно.

По настанот, „кангуто“ се враќа преку Чаир и Битпазар до седиштето на партијата Десна. Обвинителката Јосифовска тврди дека со возилото управувал Палевски, а до него седел Велибор Манев.

На овие наводи реагираше адвокатот на Палевски, тврдејќи дека на снимката не може со сигурност да се утврди идентитетот на неговиот клиент.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното