Обид за убиство на Јавен обвинител од Гостивар

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники.

Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот.

Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното