Објавен вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти во општините

Објавен е вториот јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти во општините, со можност за добивање средства до 15 милијарди денари. Право на апликација имаат сите општини, вклучително и градот Скопје, за проекти во области како култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура, социјална политика и образование.

Апликациите треба да се достават до Министерството за локална самоуправа до 30 април. Министрот Златко Перински нагласи дека повикот е креиран согласно барањата на градоначалниците, а новина е продолжениот рок и олеснителните услови за документација.

Целта на повикот е подобрување на инфраструктурата и економскиот раст во општините. Средствата ќе се распределуваат според бројот на население и комплетната проектна документација.

Перински изјави дека првиот повик веќе дал резултати, со проекти како изградба на детски градинки и спортски сали, реконструкција на патишта и заштита на речно корито.

Тој истакна дека јавниот повик не претставува предизборен поткуп, бидејќи на него можат да аплицираат сите градоначалници, независно од нивната политичка припадност.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното