Објавени сателитски снимки од наводна кражба на жито во Украина

На Твитер се објавени сателитски снимки од Крим на кои се гледа како руски бродови наводно товараат украдено жито од Украина.

Фотографиите се направени со помош на сателити на Maxar Technologies и се вели дека се направени на 19-ти и 21-ви мај. На снимката се гледаат два руски транспортни брода, Матрос Позинич и Матрос Кошка, закотвени во пристаништето Севастопол, лоцирано на анектираниот полуостров Крим.