Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик.
Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија. На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен.
Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил.
Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.
Читај и ова:
- 1.Кампањата за Локалните избори влегува во втора половина – партиите со средби низ целата држава
- 2.Одбраната на Нино Васев бара укинување на притворот и замена со куќен притвор со гаранција
- 3.Новото поглавје започнува: Tessa Group
- 4.Подгответе се: Еве што се треба да знаете по воведувањето на Системот за влез/излез од ЕУ!
- 5.Предупредување од експерти: Никогаш не истурајте млеко во мијалникот