Обвинение за убиствата во „Рибникар“: На чаура во кабинетот пронајдена ДНК на мајката

Во Палатата на правдата во Белград беше објавено обвинението за Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето убиец што го изврши масакрот во Рибникар. Ненад Стефановиќ, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, соопшти дека е покренато обвинение против таткото на момчето што го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, но и против неговата мајка.

Тој појасни дека таткото, Владимир Кецмановиќ е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност, како и затоа што цела година го обучувал својот 13-годишен син да ракува со оружје. Тој исто така веќе е обвинет за нелегално чување оружје и муниција.

Обвинителството бара 12 години затвор за Владимир Кецмановиќ, а за мајката на детето чија ДНК е пронајдена на муницијата две и пол години затвор.

– Сакам да им се заблагодарам на сите државни органи кои беа вклучени во истрагата, како и на мојот тим кој посветено работеше деноноќно на овој случај, за да имаме обвинение кое е напишано на 267 страници – рече Стефановиќ.

Куферите  во кои било складирано оружјето биле во црн ранец, од кои едниот куфер бил со катанец со шифра, а другиот без катанец. Во истрагата било утврдено дека пријавениот чувал необезбедено оружје во куфери, наместо во сефот кој бил закачен на ѕидот во плакарот во ходникот. Пријавениот на тој начин успеал да му обезбеди на детето два пиштола, а претходно го обучувал да пука во стрелачки клуб.

Како што изјави понатаму обвинителот, момчето посегнало по оружјето на 1 мај 2023 година.

„Постои сомнение дека синот на пријавениот поседувал несоодветно обезбедено оружје на 01.05.2023 година, кога наполнил 6 рамки од пиштоли Чешка Збројевка и Ругер со 92 куршуми и ги ставил со себе, а на 3 мај ги префрлил во ранецот и го однел со себе во училиштето „Владислав Рибникар““ – се наведува во обвинението.

По масакрот во училиштето „Владислав Робникар“ во кое беа убиени девет деца и чуварот на училиштето, таткото на момчето убиец (47) бил сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека сторил тешки кривични дела против општата безбедност.

Исто така, постои сомневање дека таткото постапил спротивно на Законот за оружје и муниција и Правилникот за просторни технички услови за безбедно чување на оружјето и муницијата, бидејќи не обезбедил услови за безбедно складирање и чување на оружје и муниција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното