Обвинителството продолжува со собирање докази за трагичната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, нагласува дека казната треба да има одредена цел и да влијае, па ќе преземе сите мерки за обезбедување на цврсти докази.
Возачот, кој го прегази девојчето, се наоѓа во притвор и ќе остане таму, бидејќи се работи за кривично дело извршено со умисла, најтешка форма на сообраќајно кривично дело. Коцевски истакна дека возачот бил под дејство на алкохол, возел со голема брзина и поминал на црвено светло. За овие прекршоци, казната ќе биде висока.
Постапката продолжува со проверка на сите факти и околности кои ќе влијаат на утврдување на казната. Коцевски додава дека сите докази се во корист на обвинителството.
Во однос на претходното дело на возачот, Коцевски информира дека предметот е во рацете на Апелација, а судот ќе донесе одлука по жалбите.