Очајната домаќинка блесна на црвениот тепих – Ева Лонгорија се појави на Канскиот филмски фестивал

Актерката Ева Лонгорија (47), позната по улогата на Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“ ги воодушеви сите на Канскиот филмски фестивал.

„Џебната Венера“ се појави на проекцијата на Топ Ган: Маверик во долг фустан со огледала и го украде целото внимание!

Фустанот без рамена, кој е дело на дизајнерката Кристина Отавијано, одлично ги истакна градите на Ева со умерено длабоко деколте, а кројот кој ја следи линијата на телото ја покажа нејзината извајана фигура.

Убавата актерка со овој ефектен фустан носеше сребрени сандали, а фризурата беше исклучително едноставна – горниот дел од косата и беше подигнат во опавче. Лонгорија ги истакна очите со темна шминка и на тој начин постигна шик изглед.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното