Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вчера преку Фејсбук статус јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори.
Во изминатите за 24 часа дури собрал и потписи за поддршка од 80 члена (вкупно 133 члена).
„Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на Собранието од вкупно 133 колку што брои Собранието. Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа“, се наведува во објавата на Фејбсук на АА.