Од утревечер молк: Еве кои општини ги посетуваат партиите денеска!

Кандидатите за градоначалници и советници од партиите и коалициите кои учествуваат на локалните избори ја финишираат предизборната кампања пред утрешниот молк кој почнува на полноќ.

Тие ги презентираат предизборните програми, ја претставуваат својата визија и очекувања за подобри локални самоуправи во трката за доверба на граѓаните.

Под мотото „се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „вистинскиот избор, твојот човек, твоето место, твојата иднина“, денеска ќе биде во Сарај, Чаир, Аеродром и Гази Баба, каде што ќе ги претстават кандидатите за градоначалници и советничките листи.

Со предизборниот карван продолжуваат и Левица и ЗНАМ, како и Националната алијанса за интеграција и Влен. На терен се и независните кандидати.

Гласањето за локалните избори ќе биде на 19-ти октомври.