Од вечерва поевтинува горивото!

Намалување на цената на сите горива ќе има од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поевтинуваат за еден денар, односно цената на ЕУРОСУПЕР 95 од 80 денари, се намалува и од утре ќе изнесува 79 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе се продава по цена од 81 денар по литар.

Поевтинува и ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари и од утре ќе се продава за 73,5 денари по литар.

Се намалува и цената на Екстралесното масло за домаќинство за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 73 денари. Цената на мазутот останува непроменета, односно 46,2 денари по килограм.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното