Македонија

Одбраната на Јанева: Обвинителството не ја докажа автентичноста на фотографијата на Катица Јанева со снопче пари пред неа

Одбраната на Катица Јанева денеска дава завршни зборови во случајот „Рекет“. Нејзината одбрана рече дека обвинителството не ја докажала автентичноста на фотографијата на Катица Јанева со снопче пари пред неа.

Иако обвинителството најавило дека ќе има вештачење на фотографијата, сепак, до судот не доставило, смета одбраната, и додава дека со тоа веродостојноста на фотографијата не е докажана.

Понатаму одбраната истакна дека обвинителството ги повлекло сите вештачења во случаите со Катица Јанева.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни