Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, побара укинување на притворот и определување полесна мерка – куќен притвор со гаранција и одземање на пасошот. Адвокатот Боби Спирковски изјави дека на Васев му е загрозено правото на ефикасна одбрана, бидејќи се водат два обемни предмети во кои неговото присуство е клучно.
– Работиме по неколку часа во притвор, но невозможно е да се подготвуваме со вакво темпо. Станува збор за сложени медицински и економски предмети и без негово активно учество не можеме да ја водиме одбраната – рече Спирковски.
Судењето за случајот „Онкологија 2“ продолжи денеска во Основниот кривичен суд со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. Васев и организацискиот директор Нехат Нухи се товарат за несовесно работење и финансиски злоупотреби во периодот од 2018 до 2022 година.
Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека обвинението е неосновано и политички мотивирано. Судијката Славица Наумовска Јосифовска ја води постапката, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска.
Читај и ова:
- 1.Обвинение против 59-годишен скопјанец за нацистички поздрав и навреди кон директор на Фондот на Холокаустот
- 2.Млада девојка дупнала гуми на автомобили со нож во Макарска
- 3.Кампањата за Локалните избори влегува во втора половина – партиите со средби низ целата држава
- 4.Судот ќе решава дали случајот ќе оди на супер вештачење – одбраната тврди дека Штекли не е психички способен!
- 5.М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори“, работата не може да запре под никакви околности