Судија на претходна постапка при основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување 30денвен притвор за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на владата, Пеце Мирчески.
Мирчески, додека бил на функцијата, искористувал својата позиција за лична корист, вклучувајќи користење на службени возила и присвојување на значителни суми.
По неговото разрешување, продолжил да остварува материјална корист од фирмата и понатаму. Се осомничува и за несовесно работење, што довело до штета на Буџетот на Владата.