Одрон го отежна сообраќајот на автопатот Катланово – Велес, се вози по една лента

Поради одрон на дел од коловозот, од утрово е отежнат сообраќајот на автопатот А1 на релација Катланово – Велес.

Како што информираат надлежните служби, од 08:40 часот на околу 2,5 километри по бензинската пумпа „Детоил“, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри.

Возачите се повикуваат на зголемена внимателност и прилагодување на брзината според условите на патот.