Вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112 била пријавена опасна ситуација на патниот правец од Скопје кон Велес. Лице што патувало во правец кон Велес пријавило дека пред патарината камион-цистерна удрил во карпи покрај патот, при што настанале одрони кои претставувале сериозна закана за безбедноста во сообраќајот.
Веднаш по пријавата, надлежните биле алармирани, а ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта презело мерки за расчистување на теренот. Се апелира до возачите да бидат внимателни