Министерството за економија и труд од 4 до 28 април 2025 година одзело седум лиценци за кабареа и по една за дискоклуб и дискоклуб на отворено, покажува најновиот Регистар објавен на 30 април.
Одземените лиценци се однесуваат на објекти во Скопје, Куманово, Битола, Делчево и Струмица, но причините за поништувањето не се детално објаснети. Забележително е дека само петмина сопственици на кабареа ја продолжиле лиценцата за 2025 година.
Истовремено, биле одбиени дури 35 барања за нови лиценци – најголем дел поднесени од 2018 година до денес, а само едно од оваа година, поднесено на 27 февруари.
Според податоците на Министерството, од 2017 до 2025 година биле издадени вкупно 205 лиценци за вакви видови угостителски објекти, што укажува на постојан раст, но и засилена регулаторна контрола во последниот период.