Одземени телефони и документација: МВР влезе во Одделот за општи и заеднички работи во МВР!

Полициски службеници од Одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал, за крим-полиција и за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, вчера (05.02.) по насоки на надлежен Јавен обвинител а во врска со предистражни дејствија поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи при МВР, извршија претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од Судија на претходна постапка.

Активностите беа превземени во координација со Јавното обвинителство околу предмет којшто е во предистражна постапка а за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството.

Притоа, одземени се мобилни телефони и обемна документација што ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а исто така беа извршени и службени разговори со повеќе лица.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното