Светската федерација во џудо (ИЈФ) му изрече опомена на тренерот на германската репрезентација Клаудио Пусо, само еден ден откако ја удри со две шлаканици џудистката Мартина Трајдос.
Овој настан се случил пред нејзината борба на Олимписките игри во Токио.
Џудиската со цел да го одбрани својот тренер образложи дека самата побарала шлаканица за да се „релаксира“, но од федерацијата велат дека не се задоволни од објаснувањето.
„Џудото е едукативен спорт и како таков не може да толерира такво однесување“, соопшти ИЈФ.
Трајдос, која го загуби вчерашниот натпревар на Олимпијадата, подоцна на својот Инстаграм профил напиша „Веројатно не беше доволно силно“, алудирајќи на шлаканиците од нејзиниот тренер.
