ОИЛКО КДА ПРОДОЛЖУВА ДА КУПУВА АКЦИИ ВО „МАКПЕТРОЛ“: Сопственичкиот удел се искачи на 25,32%

Акционерот ОИЛКО КДА Скопје го зголеми својот сопственички удел во нафтената компанија „Макпетрол“ АД Скопје на 25,32%, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од најголемите поединечни акционери, беше објавено денеска на Македонската берза.

Според известувањето доставено согласно правилата за котација, ОИЛКО КДА се стекнал со нови 74 обични акции од „Макпетрол“.

Со оваа последна трансакција, компанијата сега поседува вкупно 28.455 обични акции, што претставува удел од 25,32% од вкупниот број на издадени акции на „Макпетрол“.

Ова е второ зголемување на уделот за краток временски период, откако на 22 септември ОИЛКО КДА го надмина прагот од 25%, со што законски се обврза да објави понуда за преземање на компанијата. Со секое ново стекнување акции, се зајакнува позицијата на овој акционер во пресрет на очекуваната понуда за преземање.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.