OJO го прошири обвинителскиот тим кој работи на истрага во Кочани, планирани над 300 сведоци

По трет пат Основното јавно обвинителство го зголеми бројот на јавни обвинители кои работат на истрагата за трагичната несреќа во дискотеката Пулс во Кочани.

Моментално на терен се 11 обвинители вклучени во детални истражни активности кои вклучуваат сослушување на повеќе од 300 сведоци, како и други истражни дејствија и стручни вештачења од различни области.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одржал состанок со тимот обвинители, на кој се разгледале активностите согласно планираната динамика.

„Првичните анализи на истрагата укажуваат на потребата од обемни дејствија, вклучувајќи сослушување на голем број сведоци и спроведување на различни истражни активности, како и стручни вештачења. Јавниот обвинител Коцевски побара од обвинителите да спроведат ефикасна и детална истрага која ќе го истражи секој аспект и потенцијалната одговорност за трагедијата во Кочани“, се наведува во соопштението.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното